20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против раководители и директорот на Агенцијата за управување со одземен имот

СВР Куманово поднесе кривична пријава против четири лица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Поднесена е кривична пријава против С.С.(48), Л.П.(57), двајцата од Скопје, Н.Ф. од село Долно Свиларе, општина Сарај и Б.А.(35) од село Глумово, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘злоупотреба на службената положба и овластување’. Во периодот од 4.04.2011 до 31.08.2012 година првопријавениот и второпријавената, како раководители во Агенцијата за управување со одземен имот на Македонија, третопријавениот, како помошник-раководител во Агенцијата за управување со одземен имот, и четвртопријавениот, како директор на Агенцијата за управување со одземен имот, спротивно на Законот за управување конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, не постапиле по судска пресуда за конфискација на движен и недвижен имот на Н.С. и Б.С., двајцата од Куманово, со што нанеле штета на буџетот на Република Македонија“, соопштија од полицијата.