20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Десетмина мигранти пронајдени во автомобил на жител на Трубарево

На клучката кај Миравци, во текот на вчерашниот ден (13. октомври) полицајци запреле автомобил „алфа ромео“ во кој биле пронајдени 10 мигранти од Ирак, Aвганистан, Пакистан и Иран.

Автомобилот бил управуван од 35-годишник од скопското село Трубарево, кој по запирањето, почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и уапсен. Мигрантите исто така биле приведени во полициска станица.

По целосното документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.