9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ “распали” по Мицковски

Христијан Мицкоски пропушти уште една шанса да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени коишто го гарантираат македонскиот идентитет и го отвораат патот кон ЕУ и НАТО, истакнуваат од СДСМ како реакција на изјавата на лидерот на опозициската партија.

Оттаму додаваат дека со однапред снимени обраќања Мицкоски бега од јавноста и од одговори за, како што велат, неговите обиди за кочење на македонската иднина.

„Мицкоски пропушти шанса да застане на страната на иднината и напредокот и остана заробен во минатото на изолација и уназадување. Мицкоски останува пион на Никола Груевски кој по секоја цена сака амнестија за неговиот претходник. Очигледно дека Мицкоски би посакал и криза за да може да се пазари за амнестија за Груевски. Нема да има амнестија, ниту ќе има криза“, се наведува во реакцијата на владејачката партија.

Од СДСМ велат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да ги поддржат уставните измени и да изберат иднина во ЕУ и НАТО наместо амнестија и изолација.

„Ако Мицкоски продолжи со блокада само за да обезбеди амнестија за Груевски, тогаш единствен начин се предвремени парламентарни избори организирани веднаш“, стои во соопштението.

Спонзорирано: