21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Состанок на АХВ и ЗЕЛС за воспоставување соодветен систем за контрола на бездомните кучиња од страна на општините

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, денеска, на иницијатива на Агенцијата, во соработка со Брајан Фаулкнер, претставник на Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија, одржаа состанок со претставници од Заедницата на единиците на локалната самоуправа, на кој се дискутираше за воспоставување соодветен систем за контрола на бездомните кучиња од страна на општините.

„Од состанокот произлезе заклучокот дека системот на прифатилиште е најсоодветен систем за контрола на популација на кучиња кој треба да го воспостават општините. Неопходно е, локалните самоуправи да имаат донесено и соодветната програма според која ќе се врши контролата на популација на кучињата. Програмата и планот за контрола општините треба да ги направат врз основа на претходни истражувања кои треба да ги спроведат, како што е спроведувањето на проценката на популацијата на бездомни кучињата и истражување на јавното мислење“, се наведува во соопштението по состанокот.

Најдобрата метода, според експертот од Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија, е спроведување на истражување согласно со методологијата на Меѓународната коалиција за менаџмент на домашните миленици.

Директорот Атанасов препорача од страна на АХВ, во соработка со Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија, да се обучат три тимови кои ќе можат да вршат такво истражување за потребите на ЗЕЛС, односно кои ваквите истражувања ќе ги спроведат во општините во Република Македонија. Врз основа на нив, додаде тој, потоа локалните самоуправи ќе може да донесат соодветни програми и планови за контрола на популацијата на кучиња.

Експертот Фаулкнер рече дека напролет може да спроведе специјализирана обука за одговорните лица и раководители во прифатилиштата, за постапките и рутините во прифатилишта, што беше прифатено од претставникот од ЗЕЛС. На состанокот се разгледа и можноста за обезбедување донација на опрема за заловување на кучиња, за оние општини кои вршат контрола на популацијата на бездомни кучиња на својата територија.

Спонзорирано: