17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Брисел бара тутунските компании да финансираат чистење на улиците од догорчиња

Градските власти во Брисел побараа од тутунските компании да ги финансираат трошоците за собирање догорчиња на улиците.

По тој повод локалните власти испратија писмо до подружницата на еден американски производител, како и до белгиските компании што произведуваат цигари.

Властите бараат од компаниите да учествуваат во покривање на трошоците од 200.000 евра, кои се потрошени за собирање догорчиња на улиците.

Речиси 10 милиони догорчиња се фрлаат дневно низ цела Белгија, особено во Брисел и неговата околина.