17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Адамер“: Палестинките во израелските затвори се подложени на разни тортури

Здружението за човекови права и притворени лица за поддршка „Адамер“ објави извештај во кој се наведува дека во израелските затвори има 51 Палестинка.

Палестинската новинарка Лама Хатер беше присилно одведена од израелските сили во јули во Хеброн.

Нејзиниот сопруг, Хазем Фахори, рече дека израелските војници ја одвеле неговата сопруга пред очите на децата.

Тој ги обвини израелските војници дека ја малтретирале неговата сопруга, на која викале додека ја приведувале.

Тој објасни дека неговата сопруга во неколку наврати побарала медицинска помош, но лекарите ѝ пропишувале само лекови против болки и ја враќале на испитување.

Директорката на „Адамер“, Сахар Франсис, вели дека израелските војници од моментот кога ги апсат Палестинките лошо се однесуваат кон нив.

Таа предупреди дека затвореничките не биле само врзани и тепани, туку и подложени на други форми на физичка и психичка тортура.

Палестинката Исра Сеабис, чие тело изгоре 60 отсто во експлозија на плинска боца пред две години во Источен Ерусалим, израелските судски органи ја осудија на 11 години затвор под обвинение дека се обидела да го нападне воениот контролен пункт.