20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено

Возило на Управата за јавни приходи се преврте во реката Драгор во Битола, а друго на паркингот крај реката е удрено и оштетено.

Според информациите во возилата кои биле паркирани покрај реката удрил “Мерцедес” со битолски таблички во раните утрински часови.

Од СВР Битола потврдуваат дека се работи за сообраќајка, а причинета е само материјална штета.