16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата влезе во објект во Тетово

При претсрес и контрола на угостителски објект без фирма, синоќа полицијата во Тетово пронашла и одзела 6.200 денари и два апарати за игри на среќа.

Kонтролата била извршена околу 23 часот, а парите биле пронајдени во апаратите марка „Апекс“ што со потврда биле одземени.

Против сопственикот, по целосното расчистување на случајот ќе биде поднесена пријава за незаконско приредување игри на среќа, соопштија од МВР.