22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција тврди дека новинарот Џамал Кашоги е убиен во саудискиот конзулат

Судбината на саудискиот новинар на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги , останува непозната. Турските истражители сметаат дека тој е убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

„Веруваме дека тоа било убиство со предумисла и дека телото е изнесено надвор од конзулатот“, рекол неименуван функционер за „Асоишиејтед прес“.

Од конзулатот ги отфрлаат ваквите обвинувања нарекувајќи ги неосновани. од таму соопштија дека испратиле свој тим истражители за да помогнат во истрагата.

Кашоги, кој живеел во егзил во САД, исчезна во Истанбул во вторникот по посетата на конзулатот каде што бил за документи за свадбата со неговата свршеница од Турција. Од конзулатот тврдат дека тој го напуштил објектот.

Кашоги е долгогодишен новинар, познат по критичките текстови за саудискиот принц, но ја критикува и Саудиска Арабија поради војната со Јемен и спорот со Канада. Тој е познат по интервјуата со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, и патувањата со него во периодот од 1987 до 1995 година. На почетокот на 90-ите тој се обидел да го убеди Бин Ладен да се смири со кралското семејство на Саудиска Арабија и да се врати во својата татковина, но тој одбил.

Кашоги имал блиски врски со саудиската елита, вклучувајќи ја и разузнавачката служба, а во 2015 година го отвори и сателитскиот медиумски канал „Ал-Араб“, кој работеше само 11 часа.

Спонзорирано: