17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поповска не сака четврт мандат на чело на ДОМ

На седницата на Централниот одбор на ДОМ, претседателката Лилјана Поповска, побара да не биде предложена за претседател. Таа останува на својот став дека ова ќе биде нејзин трет и последен мандат на таа позиција.

Ова беше дискутирано во контекст на внатрепартиското предлагање кандидати по општинските организации, кое е во тек.

„Денеска, ДОМ е стабилна партија со јасно профилирана зелена опција, полноправна членка на Европските Зелени. Заокружен е циклусот од иницијатива, преку изградба на структура и идеолошко профилирање, до меѓународно вмрежување. ДОМ има изградено одлични кадри, искрено посветени на зелената идеологија, кои низ демократска процедура ќе изберат ново раководство, спремно да се носи со сите предизвици“ истакна Поповска.

На вчерашната седница на Централниот одбор на ДОМ беше донесена одлука четвртиот конгрес на партијата да се одржи 28 октомври.