5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АВТО ЦЕНТАРБИЗНИС

„Тојота“ повлекува уште 2,4 милиони хибридни автомобили

Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ соопшти дека ќе повлече 2,43 милиони хибридни автомобили во светот, еден месец по повлекувањето на повеќе од милион возила со технологија на двојна моторизација на гориво и струја.

Компанијата наведе дека ги повлекува возилата поради проблем во работата на хибридниот систем, кој би можел да ја зголеми опасноста од несреќи, и додава дека се регистрирани неколку аномалии на возила во Јапонија.

Станува збор за автомобилите „приус“ и „аурис“ произведени во периодот од октомври 2008 до ноември 2014 година. Хибридните возила користат два или повеќе извори на енергија, наместо еден како традиционалните автомобили. Најчесто е комбинација од бензински или дизелски мотор со електромотор.

„Тојота“ наведува дека аномалиите ги пријавило јапонското Министерство за сообраќај. Податоците од странство не се наведени. Засега во Јапонија се познати три случаи со такви проблеми.

Повлекување на возилата ќе се однесува на 1,25 милиони клиенти во Јапонија, 830 000 во Северна Америка, 290 000 во Европа, 3 000 во Кина и околу 60 000 на други места во светот.