18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Одлична вест за пензионерите: Расте нивниот приход, објави СДСМ!

Зборот е збор, пензиите растат согласно со трошоците за живот, а септемвриската пензија е зголемена за 1,8 отсто, соопшти владејачката партија.

„Со годишното усогласување на пензиите, кое се прави согласно со порастот на платите и трошоците за живот, сите пензионери добиваат повисока септемвриска пензија за 1,8 отсто. Ова е второ усогласување на пензиите годинава. Првото усогласување на пензиите беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1,69 отсто. Со тоа, просечната пензија за септември во Република Македонија со вклучено усогласување од 1,8 отсто изнесува 14 500 денари, додека, за споредба во септември 2016 година таа изнесувала 13 106 денари“, наведе Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Преку соопштение оттаму велат како влада во континуитет го спроведуваат законското усогласување на пензиите.

„Конечно, пензионерите го добиваат она коешто законски им следува, а со години им беше ускратено од претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување на мерките од Програмата за работа на Владата, преку кои се обезбедуваат повисоки плати и пензии, нови работни места, повеќе странски инвесттиции и зголемен економски раст“, се додава во соопштението.

Исклучително е важно, тврдат, Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО за овие позитивни трендови да се зголемат. Тоа ќе донесе придобивки за сите наши граѓани.