21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Просечната пензија во септември 14 500 денари

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека со исплата на септемвриската пензија на почетокот на октомври ќе се изврши усогласување на пензиите за 2018 година за 1,8% кое се прави согласно со порастот на платите и трошоците на живот.

„Во износот на оваа исплата, ретроактивно ќе биде вклучено новото усогласување на пензиите од 1,8% за месеците јули и август. Тоа значи дека износот на средствата што пензионерите ќе гo добијат во октомври како септемвриска пензија ќе биде повисок во споредба со износите на исплатените пензии за месеците јули и август. Со октомвриската пензија, пензионерите редовно ќе си добиваат усогласен износ на пензија со вклучени 1,8%, но без дополнителни разлики од претходниот период“, велат од Министерството.

Просечната пензија за септември во Република Македонија со вклучено усогласување од 1,8% изнесува 14 500 денари, а во септември 2016 година изнесувала 13 106 денари.

Од МТСП велат дека ова е второ усогласување на пензиите годинава. Првото усогласување на пензиите беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1,69%.

Спонзорирано: