14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Видео: Драма пред штабот на ВМРО ДПМНЕ за време на прес конференцијата на СДСМ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски и пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов имаа вербална расправа пред штабот на ВМРО ДПМНЕ, каде СДСМ оддржуваше прес за поддршка за уставните амандмани.

На Костадинов кој држеше прес- конференција пред штабот на ВМРО – ДПМНЕ, вербално му упадна Стоилковски и тие двајцата се расправаа пред камерите.

СДСМ на ова реагираше со соопштение дека нервозата во врвот на ВМРО-ДПМНЕ кулминира со крајно потценување на граѓаните и дека за нив 600 илјади граѓани се нерелевантни.

– За ВМРО-ДПМНЕ над шестотини илјади граѓани кои гласаа на референдумот се нерелевантни! Тоа е истата матрица на Никола Груевски преку која со години граѓаните беа малтретирани, понижувани и омаловажувани, која им го кратеше правото на глас, на слободно изразување и слободен говор.Фокусиран на амнестијата, врвот на ВМРО-ДПМНЕ не знае што прави, партијата не знае каде тера, соопшти СДСМ.

Спонзорирано: