20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Еве како изгледа рушење со експлозив на 1.5 км долг мост (Видео)

Еден и пол километар долг мост во југоисточна Кина е уништен пред неколку дена во контролирана експлозија, со цел во иднина на истото место да се изгради повисок и поширок надвозник.

Локалните власти одобриле рушење на 23-годишниот мост, после низа поправки последниве години кои не ја подобриле безбедноста на конструкцијата.

После големата експлозија, структурата само исчезнала во водите во реката Ган.

Изградбата на мостот Џиан започнала во септември 1993 година, а пуштен е во промет во декември 1995 година.