14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со нова прогноза: Еве од кога да очекувате врнежи од дожд

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните планински делови со услови за локален краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе се движи од 19 до 26 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо време со температури кои се околу просекот за овој период од годината.

Врнежи од дожд се очекуваат во среда и петок, особено во јужните делови од земјава.