5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Ќе ви даде сила за цел ден: Утринско енергетско смути

Смути за добар почеток на денот.

Состојки: 1 портокал, авокадо, 150 гр боровница, 50 гр бадеми, 1 лажица ленео семе, 1 чаша кокосово млеко, 1 лажица мед, неколку коцки мраз

Начин на подготовка:

Излупете го авокадото, извадете ја коската и месото ставете го во блендер. Додајте излупен портокал, свежи или смрзнати боровници, бадеми, ленено семе, кокосово млеко, лажица мед, мраз и матете една минута. По потреба додајте уште мед и млеко. Послужете веднаш.

Уживајте!