5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Рецепт за слатко од јаболка: Домашно е најдобро

Фантастичен вкус – домашното е најдобро!

Состојки: 2 кг јаболка, 1 кг шеќер, 2 лажици лимонтус, 1 стапче ванила, 1 шолја вода

Начин на подготовка:

Ставете шеќер и вода да се готват во поголемо тенџере, додека не добиете густ сируп.

Измијте ги, излупете ги и исчистете ги јаболката од семки. Исечкајте ги на мали парчиња и додајте ги во речиси готовиот сируп, заедно со ванила.

Слаткото се готви додека јаболката не омекнат и додека сирупот не згусне. На крај додајте лимонтус.

Готовото слатко ставете го во чисти тегли уште додека е врело, затворете и веднаш свртете наопаку. По желба стерилизирајте 5 минути.