16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бегајќи од руски новинари, Порошенко случајно влегол во собата на руската делегација во ОН

Украинскиот претседател Петро Порошенко се нашол во непријатна ситуација кога случајно влегол во собата на руската делегација, додека се обидувал да им побегне на руските новинари во седиштето на ОН во Њујорк.

Заедно со своето обезбедување, Порошенко се движел по ходникот кон главната конференциска сала, кога група руски новинари притрчале да му постават прашање, меѓу другото и за неговата иницијатива да се испрати мировна мисија на ОН во источна Украина, пренесе Тас.

„Нема да ви одговорам на вашите прашања, сите вие сте лажни“ рекол Порошенко.

Во тој момент отворил погрешна врата и случајно влегол во собата на руската делегација. Набрзо излегол и продолжил тивко кон салата, навела руската новинска агенција.

Спонзорирано: