26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсења во Тетово – полицијата приведе 9 лица

Од 24,00 до 02,00 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Желино, тетовско сопственост на 46-годишeн жител на ова село.

При контролата, во објектот затекнати се девет женски лица ( пејачки и танчерки ), од кои три од Република Албанија и шест македонски државјанки. Трите албански државјанки на возраст од 25, 30 и 33 години приведени се во Полициската станица Тетово и потоа предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и раедмисија за натамошна постапка, а сопственикот на објектот ќе биде повикан во Полициска станица Тетово.