5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казни за 198 возачи – возеле пребрзо

Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 36 сообраќајни незгоди, од кои две со тешки телесни повреди, 17 со телесни повреди и 17 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица добиле тешки телесни повреди и 28 лесни телесни повреди. Потоа, 198 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 171 возач бидејќи 111 го управувале возилото под дејство на алкохол, 44 управувале возило пред да стекнат право на управување моторно возило и 16 биле возачи почетници.

Во однос на возилата, 35 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 32 биле нерегистрирани, две технички неисправни и едно поради претовар. Исто така, санкционирани се и 12 возачи што поминале на црвено светло, четворица не дале првенство на минување пешаци, тројца неправилно престигнувале, еден возач не дал првенство на минување возила и двајца не користеле заштитен шлем. Во текот на изминатите денови издадени се 112 мандатни платни налози, а 77 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.