17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Украла милиони од познато скопско казино

Вработена во казино во центарот на Скопје му овозможила на друго лице бесплатно да игра рулет со што се стекнале со противправна имотна корист од 1,4 милион денари.

Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(21) од село Волково за сторено кривично дело „затајување“ и против О.А.(24) од село Сарај за сторено кривично дело „поттикнување“.

На 6 септември во казино на булевар Партизански Одреди првопријавената, како вработена во казиното, по претходен договор со второпријавениот, во повеќе наврати на истиот му издала кредити за рулет за кои тој не извршил уплата. Со ова, според информациите на МВР, двајцата се стекнале со противправна имотна корист од 1.486.383 денари.

Спонзорирано: