20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Келнерка добила 400 долари бакшиш, а кога отишла да се заблагодари ја дочекало големо изненадување

Кајла Чандара е келнерка во два ресторани на Хаваи. Била во лоша финансиска ситуација и поради тоа го напуштила школувањето како би заработувала. Тогаш еден ден се случило нешто што ја оставило без текст.

Во еден од рестораните каде работела се појавил пар кој прашувал од каде е, дали оди во училиште и слично.

Таа рекла дека го напуштила училиштето поради лошата финансиска ситуација. Потоа забележала дека на сметката која изнесувала 200 долари, оставиле бакшиш од 400 долари.

Не ни насетувала што ќе направат потоа. Се појавиле во ресторанот и и рекле дека сакаат да и го платат школувањето во износ од 10.000 долари.

Таа рекла дека не треба тоа да го прават, дека тоа е навистина многу. Тие инсистирале и на крај се согласила.

Овие добри луѓе и помогнале да ги оствари своите соништа. Споделете со пријателите, нека и тие дознаат дека постојат добри луѓе.