20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голема промена на времето: Синоптичарите најавуваат драстично заладување за време на утрата од следната недела

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и релативно топло време со просечни дневни температури за овој период од годината, соопшти УХМР. Во вторник ќе има мало зголемување на облачноста, а до крајот на неделата утринските температури ќе бидат во благо опаѓање.

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност претежно во планинските делови. Ќе дува и слаб претежно југоисточен ветер. УВ индексот ќе биде 6. Утринската температура ќе се движи од 6 до 18, а дневната од 26 до 33 степена.

Во Скопје се очекува сончево време со мала локална облачност и со слаб претежно источен ветер. Температурата ќе се движи од 11 до 31 степен.