15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Експресно приведен сторителот на грозомроното убиство во прилепско

Ноќеска (15.09.2018) околу 2 часот полициски службеници го приведоа Е.Т. (24) од Битола, полициски службеник, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

Имено, вчера, на 14.09. , околу 16,30 часот било пријавено дека во с.Беловодица- прилепско на патот гори непознато лице. Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело. Утврден е идентитетот на убиениот , А. Б. (36) од Битола, кај кого биле забележани прострелни рани во телото.
-Веднаш се преземени соодветни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и околу 2 часот приведен е Е.Т., кој во целост го признал делото и го објаснил начинот на кој го извршил. Во текот на денот, Е.Т. ќе биде предаден на Јавното обвинителство- соопшти Ангеловски.

Спонзорирано: