18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Драма на “Илинденска” – полицајци нападнати од возач

Триесет и осумгодишен жител на Тетово нападнал двајца полицајци.

Според информациите на МВР, инцидентот се случил вчера околу 23,35 часот. У.И. нападнал двајца полицајци на улицата Илинденска во Тетово откако тие му дале наредба да застане со возилото.

„У.И. (38) од Тетово физички нападнал двајца полициски службеници. У.И. бил совладан и приведен во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Спонзорирано: