14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Еве што ќе ви се случи ако јадете банани секој ден

Бананата е овошје кое е исклучително богато со минерали и витамини. Ја нарекуваат и супер храна.

Бананите би требало да бидат дел од вашата дневна прехранбена рутина бидејќи содржат состојки кои можат да ви помогнат во борбата против утринска мачнина, дијабетес, остеопороза, депресија, помагаат и во работата на мозокот и во варењето на храната, пишува Daily Natural Life.

Еве десет работи кои морате да ги знаете за бананите:

Спречуваат губење на калциум и подобро ги апсорбираат минералите во коските и забите.

Ве прават „попаметни“ – помагаат во мозочните функции, помнењето, когнитивните способности.

Ги намалуваат шансите од заболувања на бубрезите.

Помагаат во борба против анемија бидејќи имаат железо во себе.

Го подобруваат варењето на храната и ја нормализираат работата на цревата.

Го регулираат нивото на шеќер во крвта.

Го штитат вашето срце поради залихите на калиум.

Помагаат при борбата со депресија бидејќи поседуваат триптофан кој по консумирањето се претвора во серотонин. А серотонинот е хормон на среќа.

Бананите се богати со витамин Б6, кој е ефикасен во борбата против воспаление на зглобовите.

Ова овошје ќе ви помогне да се енергизирате, а ако редовно вежбате, две банани ќе ви овозможат сила која ви е потребна.