17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Таравари на средба со Бејли, градоначалникот ги презентирал проблемите во образованието

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, се сретна со американскиот амбасадор, Џес Бејли. Како што соопштија од Општината, Таравари му ги презентирал проблемите со кои се соочува во неговиот мандат, а особено во секторот образование.

„Како главно вознемирување, градоначалникот Таравари ја посочи горчливата вистина – постојаниот пад на квалитетот на живеење во земјата, каде што не се исклучок ни жителите на општина Гостивар. Како најпогодени области, Таравари ги посочи образованието, здравството и социјалната заштита, каде што погрешните политики во повеќегодишното лошо владеење, сé повеќе ги вади на површина последиците“, се вели во соопштението.

Меѓу главните проблеми, се додава во соопштението, Таравари ги спомна и скратениот буџет на општината, блокадите од страна на советниците кои доаѓаат од редовите на партиите што ја контролираат централната власт, одземањето на надлежностите во образованието како последица на несуштинската децентрализација. Конкретно, Таравари го запознал амбасадорот Бејли и за длабоката, како што се вели во соопштението, ДУИ-зација на образованието во општина Гостивар.

„Таравари изрази подготвеност да седне со сите релевантни фактори за да се подготви соодветна стратегија за деполитизирање на училиштата и образованието“, велат од Општината.

На средбата, Таравари и Бејли, разговарале и за референдумот на 30 септември. Во тој правец, градоначалникот Таравари го изразил неговото стравување за мал одзив на референдумот поради, како што се вели во соопштението, масовното заминување на населението, особено на младите од Гостивар и околината, појава мошне присутна и на ниво на земјата, особено кај албанската популација.