7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сириски бегалец обвинет за убиството на тинејџерка во Канада

Канадската полиција уапси 28-годишен бегалец од Сирија во врска со минатогодишното убиство на една тинејџерка чие тело беше пронајдено во изолиран парк во близината на Ванкувер, пренесува „Њујорк пост“. Убиената 13-годишна Мариса Шен исчезнала на 18 јули 2017 година во паркот во близината на својот дом по што биле сослушани над 2.000 лица.

Откако полицијата повеќе од една година трагаше по сторителот, Обвинителството информира дека во петокот го уапсила и повела обвинение против Ибрахим Али (28) од Сирија, кој дошол да живее во Канада во 2017 година, неколку месеци пред убиството на Мариса Шен и имал дозвола за престој како постојан жител ви Барнаби, но според „Ванкувер сан“, Одборот за миграција и бегалци не можел да ги најде документите за бегалец на Али.

По гневните реакции во јавноста, канадскиот министер за имиграција Ахмед Хусен соопшти дека секој бегалец што се прима во земјата минува низ детаљна безбедносна проверка пред да му се дозволи да влезе во Канада.