5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа повеќе делови на Скопје без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на денот поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа без електрична енергија ќе останат повеќе општини во Скопје.

Од 8:20 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Петровец и Ржаничино во општина Петровец.

Во период од 8:25 до 14:30 часот без струја, како што информираат од ЕВН, ќе бидат и корисниците од селата Миладиновци, Текија и Дељадровци во општина Илинден.

Од 8:30 до 10:30 часот струја ќе нема и делови од улиците Тодор Чангов, Ѓорѓи Капчев и Божин Николов во општина Аеродром.

Во општина Аеродром, додаваат од ЕВН, струја ќе немаат ниту корисниците од дел од улицата Тодор Чангов во делот кон реката Вардар по главната улица и подулиците со броеви над бр. 46, и тоа во период од 11:00 до 15:30 часот, како и корисниците од дел од улиците Атанас Митрев и Венјамин Мачуковски во период од 10:00 до 12:00 часот.

Понатаму информираат од ЕВН во период од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат и делови од општина Центар, односно дел од корисниците од улица Македонија , поточно зградата „Палата Македонија“.

Поради технички зафати струја во периодот од 8:30 до 15:00 часот ќе немаат и корисниците од селата Глумово, Шишево, Долна Матка и Горна Матка во општина Сарај, додека корисниците од улицата 4, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани без струја ќе бидат во периодот од 9:00 до 15:00 часот.

Од 10:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од село Голиево во општина Ѓорче Петров.