14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Изнајмиле апартман па веќе после 20 минути откриле нешто вознемирувачко (Фото)

Ирецот Доуги Хамилтон останал во шок кога открил што се наоѓа во дигиталниот часовник во апартманот кој го изнајмил со својата девојка за време на посета на Торонто.

Парот по доаѓањето во градот цел ден бил во обиколка, а во апартманот дошле дури пред вечер.

Апартманот во центарот на градот, кој го изнајмиле преку страницата Airbnb, се чинел како идеален за нивната посета на Канада, но веќе после 20 минути престој во него сфатиле дека не сакаат да бидат во него.

Доуги лежел на кауч кога погледнал во дигиталниот часовник и забележал нешто чудно на него. Часовникот бил споен со жица налик полнач за мобилен телефон, што веднаш почнало да буди сомнежи во него.

– Се чувствував чудно и при самата помисла на тоа си реков да не бидам луд. Но, нешто не ми даваше мир… Го извлеков полначот и забележав батерија од задната страна. Разгледувајќи малку подобро, забележав дека во часовникот се наоѓа камера, раскажал овој Ирец кој своето искуство го споделил на Фејсбук.

Камерата била вперена кон дневната и спалната соба па парот веднаш повикал полиција.

Airbnb веднаш откажал соработка со сопственикот на апартманот кој изнајмувал уште шест други недвижнини, а на британскиот пар му понудиле бесплатно сместување во еден од три луксузни хотели во близина.

Спонзорирано: