13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

,,Преродба” најавува протест пред МАНУ за поништување на спогодбата од Преспа

Утре во 10 часот пред МАНУ ќе се одржи протестен собир против и за поништување на спогодбата од Преспа, а по повод Научната расправа во организација на МАНУ: „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евро-атлантските интеграции на Република Македонија“.

Организатори се Здружението на граѓани Граѓанска иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење ,,Преродба”, Движење Македонска преродба (на носителите и бранителите на државниот суверенитет), Движењето за цивилизациски вредности, заедно со македонскиот народ, граѓаните и творците и сите родољуби и родољубни здруженија.

,,Бараме мораториум на едностраното политикантско решавање на македонските прашања. Наместо да ја бранат Спогодбата, МАНУ и академиците да ја заштитуваат и да ја афирмираат автентичната македонска наука, уметност, творештво, вредности и придобивки, кои се поништуваат со срамната спогодба од Преспа и да ги заштитат името на Република Македонија, македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. Затоа, на МАНУ и на другите институции ќе им биде доставена декларацијата на македонскиот народ за неговите црвени линии и стратегија за зачувување на името на Република Македонија и на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура”, се вели во најавата на протестот.

Со оглед на тоа дека се работи за мирољубив, достоинствен, народен цивилизиран собир, организаторите упатуваат апел до граѓаните своето народно, граѓанско и цивилизациско право да го изразат достоинствено, цивилизирано и секој граѓанин учесник во овој народен собир, кој е од негово и во негово име, да биде совесен, одговорен за себе и за другите. За евентуални злоупотреби на народниот собир и на народот, од страна на трети лица, одговорноста ќе ја сносат тие.

Спонзорирано: