20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Гошаревски: Јаболкото од Преспа да се продава насекаде, а Отешево и Галичица да бидат на мапите на европските тур оператори

-Сите наши сограѓани заслужуваат подобар и поквалитетен живот, имаат право на работа, благосостојба. 30 септември или Денот на референдумот има историска нота. Дали Преспа ќе ја биде? Изборот не е партиски, изборот е граѓански, рече градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски на трибината со граѓаните во овој град.

Тој ги повика ресенчани да размислат што сакаат:

– Модерна и отворена општина, со финансии на дофат од европските фондови за современо земјоделие, со квалитетен и конкурентен производ или затвореност и изолираност и тегобни мисли и грижи, каде да го пласираме она што сме го произвеле. Јас немам дилеми, јас сум веќе определен. Сакам модерна општина, сакам современа Македонија. Сакам скоро отварање на граничниот премин „Маркова Нога“, влез на странски гости, циркулација на луѓе и капитал, градежни активности и сместувачки капацитети. Сакам Преспа да не биде само природен рај. Сакам трансграничниот „Преспа Парк“, орнитолошкиот резерват, Отешево, Галичица, Ангелот од Курбиново, Брајчино да бидат наша гордост. Да бидат на мапите на европските тур оператори. На сликите од странските гости. Јаболкото од Преспа да се продава насекаде. Младите да ја прошетаат Европа без виза, старите да уживаат во благодетите на нивните внуци. Наша е одлуката, рече Гошаревски.

Тој ги повика граѓаните на 30-ти септември масовно да излезат и да го поддржат референдумот за, како што рече, модерна Преспа и современа Македонија.