17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

ДУИ оснива 35 општински штабови за референдумот

Централниот Штаб на Демократската Унија за Интеграција за референдумот на 30 септември одржи состанок во седиштето на партијата во Тетово со 35 – те шефови на општинските штабови на ограноците на ДУИ.

Шефот на Централниот штаб , др. Атила Рецепи, го утврди основањето на штабовите за референдумот во сите ограноци на ДУИ и им додели одлуки на избраните шефови на општинските штабови пожелувајќи им успешна работа.

На овој состанок се усвои и агендата на средбите на претседателот Ахмети со граѓаните, стратегијата на делување на терен од нашите структури како и се сподели политичката платформа за референдумот усвоена на седницата на Централниот одбор на ДУИ.

Централниот штаб на Демократската Унија за Интеграција оцени дека на 30 септември се одлучува за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, додека собирите со граѓаните ќе ги почне во понеделник во Тетово а ќе ги заврши во Скопје.

Спонзорирано: