17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Му благодарам на Ким што ми верува, заедно ќе ја завршиме работата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја поздрави изјавата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун дека неговата доверба во Трамп е непроменета и дека целта на Пјонгјанг е да ја заврши денуклеаризацијата до истекот на Првиот претседателски мандат на Трамп.

„Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, објави дека има непоколеблива доверба во претседателот Трамп. Му благодарам на претседателот Ким. Заедно ќе ја завршиме работата!“ порача Трамп на „Твитер“.

Севернокорејската новинска агенција КЦХА јави дека Ким Џонг-ун истакнал дека е посветен на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров, за што постигнале согласност на неодамнешниот историски состанок во Сингапур.

Спонзорирано: