11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Советот за безбедност на ОН во петок ќе расправа за ситуацијата во Идлиб

Советот за безбедност на Обединетите нации в петок ќе одржи состанок на кој ќе се разгледува и ќе се расправа за ситуацијата во сириската провинција Идлиб, каде очекуваната офанзива од страна на сириската влада би можела да предизвика хуманитарна катастрофа, изјави американската амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли.

Таа на прес-конференција изјави и дека американскиот претседател, Доналд Трамп планира да биде домаќин на состанокот на Советот за безбедност на ОН на високо ниво за Иран кој треба да се оддржи овој месец.