10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен потрес од речиси 7 степени според рихтер – зградите се треселе 20-тина секунди

Силен земјотрес го потресе градот Сапоро во северна Јапонија само неколку часа откако јужниот дел на земјата беше погоден од најголемиот тајфун изминативе 25 години. Земјотресот со јачина од 6,6 степени е почувствуван 70 километри јужно од Сапоро на островот Хокаидо, информира Геолошкото истражување на САД (USGS), во 3.08 часот по локално време.

Жителите во градот се разбудиле од потресот разно изутрината, а зградите се треселе околу 20 секунди.По земјотресот снемало и струја.

Еден корисник на Твитер напиша: ,,Само што се разбудив од проклето силен земјотрес во Сапоро. Почувствував неколку и претходно и се уште се тресам како лист. Всушност, во моментов се случува и афтершок … ”

Првично земјотресот беше регистриран како земјотрес од 7 степени, но тоа беше намалено.Засега нема предупредување за цунами, поради длабочината од 30 километри.

Земјотресот следува по катастрофалниот тајфун што ја погоди Јапонија, во кој загинаа најмалку 10 лица, а повеќе од 100 се повредени.

Сапоро е главен град на префектурата Хокаидо со население од речиси два милиони луѓе