15.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австрија: Пратеник исклучен од пратеничката група поради сексизам на „Твитер“

Пратеник на австриското мнозинство на власт на канцеларот Себастијан Курц, Евгани Денмец, е исклучен од пратеничката група по сексистички коментар на „Твитер“ за една германска политичарка.

Народната партија на Себастијан Курц (ОеВП) го оцени како ,,неприфатлив сексистички и навредлив” коментарот на Денмец за Савсан Шебли, претставничка на Берлин во горниот дом на германскиот парламент.

На еден корисник на „Твитер“, противник на германската пратеничка кој ја прашал како го добила мандатот, Денмец му одговорил на мрежата: ,,Погледни ги нејзините колена, сè ќе ти биде јасно”.

Ваквиот коментар предизвика бројни критики и на социјалните мрежи и од страна на австриската опозиција.Тој се извини и кажа дека реагирал во момент на слабост.