14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобил прегази Скопјанец – се слушаат сирени на болнички

Во текот на вчерашниот ден, на скопскиот булевар „Македонско-Косовска бригада“, автомобил „сеат толедо“ со скопски регистерски таблици удрил во 67-годишен пешак.

Скопјанецот од ударот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

На местото на настанот извршен бил увид, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.