3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Полицијата со жестока акција спречи судир меѓу левичари и десничари во Кемниц

Девет лица беа повредени во новата серија на спротивставени протести кои во саботата се одржаа во германскиот град Кемниц. Протестите на кои присуствуваа околу 8.000 луѓе, беа организирани од анти-имигрантската екстремна десница од една страна и припадници на левичарските движења, од друга.

Градот во Саксонија, во поранешна Источна Германија, веќе една недела е средиште на мобилизација на германската екстремна десница против мигрантите, по убиството на Германец за кое се осомничени баратели на азил.

Вчерашните собири минаа мирно и без инциденти, во присуство на голем број на полицајци кои имаа задача да ги спречат судирите меѓу двата табора.

Сепак, конфликт избувнал на крајот од протестите, кога демонстрантите веќе се повлекувале. Најрешителните меѓу нив настојувале да се приближат и меѓусебно да се пресметаат.

Полицијата во соопштение информираше дека девет лица биле повредени при интервенција на нејзините припадници, со цел да се спречи директна конфронтација.

Покрај тоа, за време на протестите, во една населба во предградието на Кемниц, четворица маскирани напаѓачи претепале дваесетгодишен Авганистанец. Полицијата соопшти дека тој бил полесно повреден.

Спонзорирано: