16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Извршена реконструкција на грчката Влада

Владиниот портпарол, Димитрис Ѕанакопулос доцна попладневно го објави реконструираниот состав на грчката Влада. Грчката Влада има нови 13 имиња истакна Ѕанакопулос и додаде дека има смени на министерски функции, заменички позиции, алтернативни министри, влез во Владата на поранешни членови на Нова Демократија и ПАСОК, нови личности, но и непорменети министри.

Ѕанакопулос соопшти дека нема промена во главните министерства, односно во министерството за надворешни работи, министерството за одбрана, финансии, труд и социјала, туризам, транспорт и врски, како и министерството за миграциска политика.

Па така и покрај измените, министерот Никос Коѕијас останува шеф на грчката дипломатија, а коалицискиот партнер Панос Каменос останува на чело на Министерството за одбрана.

Но во владата влегуваат и функционери од партии кои не се дел од коалицијата.

Смени има во министерството за цивилна заштита, администрација, правда, во министерството за внатрешни работи. Според засега неофицијални информации свечената заклетва на новите членови на владиниот кабинет на Ципрас ќе се одржи утре.