Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Семејството било застрелано во нивниот дом, се истражуваат мотивите – протекоа нови детали за ужасот

Тројното убиство во Дебар се случило синоќа околу 21 часот на улицата ,,1 Мај”, кога во нивниот дом биле застрелани 54 – годишен маж, неговата сопруга и нивната 13 – годишна ќерка. Неофицијално станува збор за членови на семејството Поцеста, кои привремено живееле во Италија.

,,На 26.08.2018 година во 20.45 часот во полициската станица Дебар било пријавено дека во куќа на улица „1-Мај“ во Дебар, извршено e убиство. Засега непознат сторител, влегол во куќата сопственост на А.П.(54) и пукал кон него со пиштол, по што ги усмртил и неговата сопруга Н.П.(53) и нивната 14 годишна ќерка. Извршен е увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот”, информираат од полицијата.

Во текот на ноќта екипи на полицијата вршеле увид на местото на убиството.
Мотивите за тројното убиство се непознати, но соседите шпекулираат дека можна причина за тоа се расправии околу имот.

Истрагата е во надлежност на Јавното обвинителство од Гостивар. Оттаму информираа дека во приватна куќа во Дебар се пронајдени безживотни тела на три лица. Според првичните сознанија, станува збор за тројно убиство, а жртвите се семејство – маж, жена и нивната ќерка на возраст од околу 13 години, кои времено живееле во Италија. Сторителот засега е непознат.

Обвинителството издадало серија наредби за прибирање траги од лице место, вештачења и претреси.(Макфас)

Спонзорирано: