7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Референдумот за антикорупциски мерки во Колумбија не успеа

Референдумот во Колумбија за седум антикорупциски мерки не успеа денес, иако секоја од овие мерки доби 99 отсто поддршка од гласачите.

Референдумот не успеа бидејќи не излегол доволен број гласачи, а за да биде признаен резултатот за секое прашање, треба да добие 12,1 милион гласови, а само 11,6 милиони гласачи излегле да гласаат, што е под една третина од вкупниот број гласачи, објави агенцијата Ројтерс.

Во Колумбија, право на глас имаат 36,5 милиони луѓе.

На референдумот, меѓу другото, беа поставени и прашањата за намалување на платите на пратениците, ограничување на јавните овластувања, забрана за извршување на казните од домашен притвор за корупција.

Корупцијата во последниве години стана главна тема во Колумбија.

Спонзорирано: