17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ексклузивно: Грција ќе биде првата земја која ќе го ратификува договорот за влез на Македонија во НАТО

Доколку референдумот успее и Македонија ги исполни договорените законски и уставни измени, прва земја која ќе го ратификува договорот за членство во НАТО, ќе биде токму Грција, дознава Centar.mk.

Сето ова би требало да се случи во почетокот на следната година.

Она што е важно е дека во септември почнуваме разговори за пристапување во НАТО, а истовремено започнува и скринингот со ЕУ.

Доколку се оди според планот, Македонија ќе стане членка на НАТО најдоцна до март 2020-та година, кога треба сите земји членки, 29 на број, да го ратификуваат договорот за членство на Македонија во НАТО.