23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Силно невреме беснее низ Македонија – на овие места е најкритично

Во овие попладневни часови во северната половина како и северозападно од Скопско веќе имаме нестабилност проследена со локална пороен дожд, грмежи и засилен ветер, јавува метеорологот Славо попоски.

Најголема нестабилност имаме во северозападните предели од државава.

Понатаму поради судирот на две воздушни маси и тоа топлата од југ и значително посвежата која се спушта од север ќе услови значително дестабилизирање до крајот на денов и претстојната ноќ како и утре (понеделник).

Во најголем дел од државава ќе има поријни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер претежно од северозападен и северен правец.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

За кратко време локално се очекува да наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 20 л/м2) со што понатаму можни се и локални поплавувања.

Температурите на воздухот претстојната ноќ ќе бидат во значително опаѓање и истите ќе опаднат дури и за околу па и за повеќе од 10тина степени и тоа најмногу ќе се почувствува во северната половина од државава.

Утре (понеделник) врнежите ќе продолжат а максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот само од 22 до 30 степени додека во северната половина истите ќе се искачуваат некаде во интервалот од 18 до 25 степени.