13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утре сончево со мала облачност, а еве од кога да очекувате невреме

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено на западот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 26 до 36 степени.

До недела се уште ќе се задржи топло.

Позначителна промена на времето ќе има од недела попладне, преку ноќта и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме.

Во вторник ќе дува засилен северозападен ветер. Во понеделник и вторник дневна температура ќе опадне за шест до осум степени, а оваа промена особено ќе се почувствува на северот и на повисоките места.

 

Спонзорирано: