16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се слушаа сирени кај клиниките Мајка Тереза – во несреќа двајца повредени

На 23.08.2018 година во 22.13 часот во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, со повреди биле донесени М.З.(50) и П.О.(56), двајцата од Скопје, вработени во приватна фирма.

При истовар на песок во кругот на фабриката „Железара“ од камион, се откачила приколката и тие се здобиле со повреди. Кај нив биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош биле задржани на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.