12.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Масовно труење на познатото летувалиште: Родителите и умирале на раце, 300 гости евакуирани

Вистинска драма се одиграла во Хургада откако во хотелот „Стајгенбергер Аква Меџик“ починале две лица, а најмалку 40 се во тешка состојба поради наводно масовно труење со храна.

Починале 69-годишниот британски државјанин Џон Купер и неговата 63-годишна сопруга Сузан, а нивната ќерка вели дека ѝ починале на раце за само неколку часа.

Претставници на хотелот во кој редовно престојуваат голем број турсти од Балканот тврдат дека Купер имал проблем со срцето, а неговата ќерка вели дека нејзиниот татко во животот не бил на лекар.

-Беше здрав и витален. Ми почина на раце во хотелската соба. Мама ја сместивме во возила на Итна помош и одевме кон болница, каде почина неколку часа подоцна – изјави нивната ќерка.

Британските медиуми наведуваат дека дури 40 гости од тој хотел се во тешка состојба поради труење со храна и дека не можат да станат од кревет, а британската туристичка агенција со која Џон и Сузан отпатувале во Египет одлучила да евакуира повеќе од 300 туристи.

Директорот за корпоративни комуникации на партнерските компании на хотелот, Свен Хиршлер кажал дека не забележал зголемен пораст на заболување меѓу 1600 гости колку во моментов престојуваат во хотелот.