8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Огласи: Се продава Југо специјализирано за борба против вонземјани (Фото)

Сопственик на вселенска верзија на автомобил „југо 45“, кое неодамна крстарело во едно босанско село со домашна „НАСА“ антена, одлучил да го продаде ова несекојдневно возило.

Како што е наведено во огласот „Yugo 45 Space Warrior“ може да се купи за 999,99 КМ (околу 500 евра), а состојбата на возилото е уникатна.

– Возилото е изработено како лимитирана серија специјализирани борбени возила за борба против непознати објекти од вселената. Возилото располага со 1066 кс, забрзување од 0-1000 = 15,6 с, максимална брзина = непозната. Од опрема поседува: десен ретровизор, резервно тркало, амбиентално осветлување, ауспух, пакет опрема за полиција, карта на светот, радио, чип тјунинг, вградени мапи во главниот компјутер, наведува сопственикот во деталниот опис.

Помеѓу другото, овој шегаџија додава дека возилото не се забележува и може да се користи и за прељуби.

Исто така, сопственикот истакнува и посебна опрема за вселената: Сателитски комуникатор, може да лоцира повеќе објекти истовремено на различна оддалеченост (во светлосни години), обложен е со фолија која штити од вонземски ласери, а невидлив е за било кои НЛО радарски системи. Со автомобилот доаѓаат и космички одела.