14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија во тага: Згасна животот на три лица – Со хеликоптер итно го донеле во болницата 8-ми септември

Полицискиот билтен од 22 август известува три згаснати животи.

На 22.08.2018 година во 18.20 часот во Центарот за информации и команда Тетово, било пријавено дека на местото викано „Кобилино поле“, атар на Маврови Анови, на Кораб Планина има планинари-државјани на Република Хрватска, претставници на планинарско друштво од Сплит. На еден од нив, П.П. (58) од Сплит му се влошила здравствената состојба и побарал помош. Со хеликоптер на МВР лицето било донесено во Градската општа болница „8-ми Септември“-Скопје, каде од страна на лекар била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

На 22.08.2018 година околу 13.30 часот во водите на вештачкото езеро во с.Борино, крушевско, била пронајдена почината В.Ј. (35) од Прилеп. Извршен бил увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител нема да се врши обдукција на телото на починатата.

На 22.08.2018 година во 19.10 часот во Полициската станица Валандово, Д.Ј. (62) од Валандово пријавил дека го пронашол починат неговиот сосед П.Ј. (62) во дворот од неговата куќа на ул.„Орце Николов“. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Валандово и лекар од Здравствен дом –Валандово, кој констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Спонзорирано: